На кое учесниците имаа исполнет четиридневен мозаик на забавни, културни и авантуристични доживувања почнувајќи со префинета винска тура за стотина учесници кои вечерта уживаа во тематска забава на плажа за наредниот ден да продолжат со запознавање на Солун со сите негови скриени убавини и уживање во најкултното место познато по елитните ресторани и нoќниот живот – Лададика. Секако за балансирана тура не го изоставивме ни делот со релаксирањето на плажите на Халкидики со ultra all-inclusive сервис. Со организираната бродската тура до Атос учесниците уживаа во сосема нова димензија, додека пак Уранополис ги задоволи сите учесници кои сакаа да си понесат нешто специфично од оваа тура. Тој ден забавниот дел беше неизбежната грчка традиционална вечер исполнета со многу смеа и дружење.