Scroll Top
АКТИВЕН ТИМ БИЛДИНГ НА ПОПОВА ШАПКА

Еднодневен тим билдинг од каде учесниците си заминаа побогати благодарение на мозаикот што го склопивме за нив во живописната Попова Шапка. Од самото тргнување од Скопје, учесниците беа запознаени и со нетрпение чекаа да се впуштат во адреналинско искуство – возење велосипеди на кружна планинска тура која започна со обука од страна на лиценцирани планински водичи и експерти за адреналински спортови кои ги воведоа учесниците во ракувањето на електрични велосипеди кои беа одличен избор за сите посебно за оние учесници со помала кондиција. Турата беше исполнета со несекојдневно планинско искуство – посета на бачило и дегустација на сирење, продолжи со прекрасен пикник ручек и засадувања на дрвца како еколошки гест и свој придонес кон природата. Уште една причина поради која сме сигурни дека и еден ден понекогаш е доволен да остави позитивни искуства надвор од своите работни места.

Организирани тим билдинзи
ЕКО ТИМ БИЛДИНГ НА БИСЛИМСКА КЛИСУРА
ТИМ БИЛДИНГ НА ШВАЈЦАРСКА КОМПАНИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА
ЕДНОДНЕВЕН ТИМ БИЛДИНГ ВО ВИНСКИОТ РЕГИОН
УНИКАТЕН АКТИВЕН ТИМ БИЛДИНГ ВО ОХРИД
Тридневен инсентив на брегот на Охридското Езеро
Активен и СПА викенд тим билдинг во Струга
Октомвриски Тим билдинг во Охрид, Вевчани и Калишта што ни покажа што е вистинска сплотеност и добра соработка
Еднодневно винско уживање во Демир Капија