Тим билдинг поттикнат од една повисока цел – поттикнување на еколошката свест преку акција за пошумување во предел недалеку од Скопје – живописното село Пчиња кое благодарение на своите домаќини и локални херои не остави никој од учесниците рамнодушен. Започна со пошумувањето во кое учесниците неизмерно уживаа и продолжи со пешачка тура низ Бислимската Клисура. Живописниот предел, сончевото време, позитивниот дух што владееше на овој тим билдинг како и запознавањето со локалните жители и домаќини, придонесоа учесниците да не го напуштат преубавиот двор каде беше организиран ручек со традиционални, домашни специјалитети, се забавуваа за време на тим билдинг игрите и дури беа наградени со свежо набран сончоглед карактеристичен за овој предел на Македонија.