Scroll Top
Октомвриски Тим билдинг во Охрид, Вевчани и Калишта што ни покажа што е вистинска сплотеност и добра соработка

Овој тим билдинг на компанијата Сивус добро ќе го паметиме по прекрасната енергија на учесниците кои можат да бидат модел за сплотеност и соработка. Со појдовна точка од Скопје, се упативме кон Охридско Езеро во чиј поглед учесниците уживаа во своите активности во текот на целиот ден. По успешно завршениот конференциски дел, се упативме кон безвременскиот Охрид каде на еден сосема поинаков начин и од сосема поинакви страни го започнавме Treasure Hunt-от и за време на којшто, сите уживаа и им беше еден од најомилените делови од денот каде покрај предизвиците, учесниците се запознаа со интересни историски факти поврзани со овој град кој не престанува да изненадува со скриените богатства. Некои од учесниците дури успешно се снајдоа и во улога на туристички водичи и лидери што дополнително ни ги потврди и нашите позитивни „заразни„ вибрации кои ги споделуваме за туризмот во Македонија. По прогласувањето на победникот, едногласно беше направена една пауза пред повторно да се упатиме кон хотелот каде продолживме со забавниот дел од активностите – приватна забава, танцување и пеење. Утредента се упативме кон уникатното Вевчани, ги посетивме познатите Вевчански извори, а програмата заврши со ручек покрај струшката ривиера.

Организирани тим билдинзи
ЕКО ТИМ БИЛДИНГ НА БИСЛИМСКА КЛИСУРА
ТИМ БИЛДИНГ НА ШВАЈЦАРСКА КОМПАНИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА
ЕДНОДНЕВЕН ТИМ БИЛДИНГ ВО ВИНСКИОТ РЕГИОН
УНИКАТЕН АКТИВЕН ТИМ БИЛДИНГ ВО ОХРИД
Тридневен инсентив на брегот на Охридското Езеро
Активен и СПА викенд тим билдинг во Струга
Октомвриски Тим билдинг во Охрид, Вевчани и Калишта што ни покажа што е вистинска сплотеност и добра соработка
Еднодневно винско уживање во Демир Капија