тим
Во срцето на винскиот регион, организиравме тим билдинг тура исполнета со различни избалансирани активности по барањата на нашиот клиент, почнувајќи од самото патување до Кавадарци, дегустација и винска едукација на македонски вина преплетени со забавни тим билдинг игри кои беа „виновникот„ за позитивната енергија со која се продолжи во резбарското атеље каде присутните испробаа резбарење и ги вкусија органските специјалитети на домаќините.
Ве охрабруваме да го искусите и вие, она што нашите ПРАЈМ КЛИЕНТИ веќе го врежале во своите сеќавања: да бидат во улога на главни ПРОТАГОНИСТИ кои откриваа различни реалности, различни филозофии за животот, сосема уникатни искуства со една ПОВИСОКА ЦЕЛ – да учествуваат заедно со ЛОКАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ во остварување на нивните проекти, токму преку турите кои овозможуваат да се откријат местата што се посетуваат каде оставаат свој печат во зачувувањето и оплеменувањето на ЖИВОТНАТА СРЕДИНА.
Бидејќи знаеме дека вистинската промена почнува од нас!