Еднодневен тим билдинг од каде учесниците си заминаа побогати благодарение на мозаикот што го склопивме за нив во живописната Попова Шапка. Од самото тргнување од Скопје, учесниците беа запознаени и со нетрпение чекаа да се впуштат во адреналинско искуство – возење велосипеди на кружна планинска тура која започна со обука од страна на лиценцирани планински водичи и експерти за адреналински спортови кои ги воведоа учесниците во ракувањето на електрични велосипеди кои беа одличен избор за сите посебно за оние учесници со помала кондиција. Турата беше исполнета со несекојдневно планинско искуство – посета на бачило и дегустација на сирење, продолжи со прекрасен пикник ручек и засадувања на дрвца како еколошки гест и свој придонес кон природата. Уште една причина поради која сме сигурни дека и еден ден понекогаш е доволен да остави позитивни искуства надвор од своите работни места.