Тим билдинг доживување за сечиј вкус! Тоа се случува кога компанијата има на располагање еден ден а нејзината највисока цел е да ги направи своите вработени среќни, исполнети и почитувани. Прекрасно еднодневно доживување на Охрид преку сите активни спортови и доживувања што овој град може да ги понуди: Scuba Diving, Paragliding, Carting, ATV, SUP – Paddleboarding а секако и несекојдневна тура низ Охрид преку приказните на локалците, хероите и хероините во туризмот. Истовремено околу стотина учесници ги искусија активностите за кои се одлучија и потоа ги споделуваа своите искуства во Горно Коњско во прекрасниот амбиент со поглед на Охридското Езеро. Но, за да не ја исклучиме можноста за заедничка активност, организиравме и тим билдинг игри кои ја направија оваа средба уште позабавна.