Во срцето на винскиот регион, организиравме еднодневен тим билдинг тура каде учесниците го искусија кавадаречкото гостопримство во резбарско атеље каде домаќините несебично ги споделија основите на резбарството и им овозможија на учесниците и сами да испробаат резбарење и секако да ги вкусат органските домашно приготвени специјалитети . Овој еднодневен тим билдинг продолжи со различни избалансирани активности по барањата на нашиот клиент како што беше и дегустацијата и винската едукација на македонски вина во една домашна внарија што се збогати и со забавни тим билдинг игри кои беа „виновникот„ за позитивната енергија со којашто се продолжи во бајковитата винарија во Демир Капија.