Scroll Top
Еднодневно винско уживање во Демир Капија

Замислете си топол идеален октомвриски ден започнат со топло добредојде во една од најстарите винарии во Македонија, винаријата Queen Marija, кадешто 150 учесници уживаа во секој момент од денот а којшто беше прилично исполнет со уникатни доживувања.

Тимот од Гентерм, во скоп на својата програма за Одржливост – Луѓе , Планета, Локации, со цел подобро поврзување на вработените од различни оддели, се одлучи на овај еднодневен целосен концепт за тим билдинг.
Во Гентерм, Луѓето го креираат успехот, а фирмата каде и да е лоцирана во светот, се стреми да го минимизира влијанието врз Планетета, и да остави значајно позитивно влијание на Локацијата, заедницата/градот.
Еднодневното тимско дружење имајќи го во предвид тој концепт, вклучи различни активности за да ги инспирира тимовите и да ги прослават заедно досегашните достигнувања поврзани со одржливиот приод – #PeoplePlanetPlaces #ЛуѓеПланетаЛокации.

Опкружени со еден кралски свет, каде пауните потсетуваа на отменоста на ова место, пет сосема различни активности со уште повеќе подактивности за само неколку часа успеаја да го подигнат тимскиот дух преку организирана тура низ кралската винарија, музички предизвици, тим билдинг игрите кои завршуваа со убаво спакуван „подарок„, винска олимпијада, презентација и обука за резбарење на отворено по кои следеше вкусен ручек и дегустација на вина уживајќи во музичката изведба на локална музичка група како и неизбежните денс хитови.
Неизбежен момент беше и засадувањето на дрвца, кои Гентерм ги подари на Винаријата , а го разубавија делот на амфитеатарот.
Засадените дрвца во иднина ќе ги потсетува учесниците за својот еколошки придонес во поврзани со програмата за одржливост на Гентерм.”

Организирани тим билдинзи
ЕКО ТИМ БИЛДИНГ НА БИСЛИМСКА КЛИСУРА
ТИМ БИЛДИНГ НА ШВАЈЦАРСКА КОМПАНИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА
ЕДНОДНЕВЕН ТИМ БИЛДИНГ ВО ВИНСКИОТ РЕГИОН
УНИКАТЕН АКТИВЕН ТИМ БИЛДИНГ ВО ОХРИД
Тридневен инсентив на брегот на Охридското Езеро
Активен и СПА викенд тим билдинг во Струга
Октомвриски Тим билдинг во Охрид, Вевчани и Калишта што ни покажа што е вистинска сплотеност и добра соработка
Еднодневно винско уживање во Демир Капија