Тридневно дружење исполнето со забави од секаков тип и за сечиј вкус. По барање на клиентот заеднички реализиравме „бегство од реалноста„ почнувајќи со топлиот пречек во бајковитото Вевчани каде клиенти од сите страни на Балканот уживаа во традиционални македонски и балкански ноти во текот на традиционалниот ручек проследен со часови по готвење. Вечерта забавата доби сосема друга димензија – ноќна забава на брод под ѕвезденото небо, продолжувајќи наредниот ден со истражување на Охрид преку очите на локалните херои и хероини – занаетчии кои овој град го пресликуваат во своите уметнички дела. Овој ден забавата беше во опуштено плажарско расположение каде учесниците уживаа во уникатните коктели, живата музика и најголемите летни хитови. Не се изостави ниту латино забавата каде дел од учесниците ги научија и основите на латино танцовите што овој ден го направи комплетно уживање. Третиот ден беше посветен на неизбежните извори на Дрим каде учесниците уживаа во звуците на традиционалната музика во срцето на изворите, во преубавиот Св.Наум.