Тим Билдинг Демир Капија – Кавадарци

Винска тим билдинг приказна

Во срцето на винскиот регион, организиравме тим билдинг тура исполнета со различни избалансирани активности по барањата на нашиот клиент, почнувајќи од самото патување до Кавадарци, дегустација и винска едукација на македонски вина преплетени со забавни тим билдинг игри кои беа „виновникот„ за позитивната енергија со која се продолжи во резбарското атеље каде присутните испробаа резбарење и ги вкусија органските специјалитети на домаќините. Денот заврши во бајковитата винарија во Демир Капија со специјална вечера низ дегустација на вина во придружба на музика во живо. Следниот ден – посветен на активности во природа во живописниот демиркаписки предел и со прекрасен завршеток со едно незаборавно локално искуство.

Организирани тим билдинзи