Тим билдинг организиран за задоволни клиенти кои повторно ни ја доделија можноста да им организираме уште едно незаборавно дружење. Овој пат во Струга, но започнувајќи со единствениот град – држава во Македонија, Вевчани! По самото пристигнување учесниците имаа можност да бидат активни во бајковитите Вевчански Извори благодарение на Treasure Hunt активноста преку којашто дознаа интересни факти за Вевчани. Ова дружење продолжи со организираниот топол пречек во традиционален ресторан каде за време на ручекот учесниците се развеселија и благодарение на музичкиот опус отсвирен од локален традиционален бенд. Следуваше сместување во 5 ѕвезден СПА хотел каде учесниците имаа можност да се релаксираат и да се подготват за следните активности кои беа предвидени за овој ден: картинг натпревар кадешто имаше пријатни изненадувања за сите а пак вечерта беше организирана приватна латино забава на којашто беа научени и многу основни чекори на латино танците. Наредниот ден беше предвиден за активности на вода по желба на сите учесници и успеавме во исто време да овозможиме кајакарска авантура во водите на Глобочичкото Езеро, а и за оние коишто бараа порелаксирана водена активност – им овозможивме безвременско едрење по Охридското Езеро. И двете групи уживаа на свој уникатен начин во традиционалните вкусови за време на ручекот по што следеше релаксирано кафе дружење на устието на Црн Дрим и звуците на бенд во живо. Тим билдинг што топло го препорачуваме на сите компании!