Продуктивен инсентив каде што учесниците се запознаваа и ги продлабочија своите бизнис реалации благодарение на шареноликиот опус на организирани избалансирани активности во Охридско – струшкиот регион. Почнувајќи од ручек со поглед на Охридското Езеро, во Велестово, до организиран конференциски дел во 5 ѕвезден хотел и завршувајќи го првиот ден со приватна забава со DJ. Наредниот ден го посветивме на Џип сафари кружна авантура низ регионот на с. Куратица придружувани од тамошниот локален херој кој секојдневно гради успешна туристичка приказна. Турата заврши во традиционален ресторан кадешто учесниците ги вкусија локалните специјалитети и дознаа повеќе за овој регион. Следеше враќање во Охрид каде со помош на лиценцирани инструктори за кајакарење направија интересна водна авантура проследена со „папараци дрон„. Поминувајќи низ волшебниот дел на градот се искачија на Самоиловата тврдина од каде се упатија на другата страна од езерото, во Струга. Таму по една пријатна кафе пауза започна уште едно искуство поврзано со вода, но овој пат во порелаксирачко издание – едрење коешто беше оценето како едно од најавтентичните доживувања на овој инсентив. Денот заврши со подигнување на натпреварувачкиот дух со забавна картинг трка и потоа традиционална вечера повторно во Охрид. Третиот, последниот ден, учесниците се упатија кон Св.Наум чувствувајќи го мирот и тишината што ова место ги нуди испрекината само од нотите на традиционалната музичка група во ресторанот на изворите на Дрим.