Крушево низ сите сетила.
Тим билдинг тура преку која учесниците имаа можност да испробаат адреналински искуства што ги нуди овој град и неговите локални херои – јавање коњи, откривање на Крушево преку Tresure Hunt и запознавање со хероините во туризмот – Жените од Крушево кои ги воведоа учесниците во еден поинаков свет на влашката култура и ги запознаа со некои од вкусовите по кои е познат највисокиот град на Балканот. Преку тим билдинг игрите учесниците успешно се запознаа и тоа запознавање продолжи со VIP забава. Незаборавниот дел од ова патување е секако пошумувањето направено од страна на самите учесници што им причини уште поголемо задоволство за својот придонес во еколошката смисла.
Организирани тим билдинзи